Екипата на Џирона уште еднаш домажа дека не е само сензација сезонава во шпанската Ла Лига туку тим на кој сериозно мора да се смета во борбата за титулата.
Џирона и одрежа лекција на Барселона и тоа на гостински терен на „Монжуик“ каде славеше победа со 4-2.
Малиот локален ривал од Бадалона, одлично го отвори натпреварот и веќе во 12.минута со голот на Украинецот, Довбјик поведе со 1-0.
Гигантот Барса брзо се врати во игра и по корнерот од десната страна, Левандовски со глава израмни на 1-1 во 17-тата минута.
Се обидуваа домаќините да стигнат до втор гол, но сето тоа беше јалово. Затоа пак Џирона со брзите контри го загрозуваше голот на Барса. Таквата игра донесе и резултат во 40.минута кога Гутиерез погоди за 2-1.
И во второто полувреме иста слика. Барса се мачеше, а гостите знаеја како да ги изјаловат сите нивни обиди. Во 78-минута во игра влезе Валери, а само две минути подоцна постигна гол за 3-1 за Џирона.
Имаше можност Савио да ја запечати судбината на Барса, но Газанга успеа да одбрани. Во 90-тата минута голема шанса пропушти и Солис Ромеро. Затоа стигна казна на спротивната страна кога Гундоган намали на 2-3. Само шесетина секунди подоцна Левандовски можеше да израмни ид идеална шанса.
И кога Полјакот не го искористи тоа, следуваше казна. Кристија Стуани во петата минута од дополнението ја запечати судбината на Барса, за победа на Џирона со 4-2.
Со оваа победа Џирона се врати на првото место на табелата сега со 41 бод, два повеќе од Реал, а 7 повеќе од Атлетико Мадрид и Барселона.