Екипата на Астон Вила уште еднаш потврди зошто котира при самиот врв во англиската Премиер лига. 

Откако во средата го совладаа шампонот Манчестер Сити, фудбалерите на Астон Вила денеска славеа и во дербито со Арсенал со 1:0. 

Избраниците на Унаи Емери уште еднаш одиграа храбро но, и паметно и заслужено стигнаа до трите бодови. 

Човек на одлука беше Џон Мегини кој уште во седмата минута постигна гол. Тој момент се покажа како решавачки за конечниот епилог за присутните на „Вила Парк“ можеа заслужено да се радуваат. 

Астон Вила се зацврсти на третото место на табелата, сега со 35 бодови, два помалку од новиот лидер Ливерпул, а еден помалку од Арсенал. 

Шампионот Манчестер Сити кој е четврто рангиран со 30 бодови утре игра со Лутон.