Екипата на Маурицио Сари на гостински терен против Верона освои само бод и ја продолжи лошата серија во гости. По трите порази по ред како гостин, Лацио одигра нерешено 1:1.

Матија Закањи му донесе предност на Лацио од 1:0 во 23-тата минута по асистенцијата на Фелипе Андерсон.

Иницијативата во вториот дел беше на страната на Лацио, но сепак Верона успеа да изедначи.

Имено, во 69-тата минута Томас Хенри успеа да ја внесе топката во мрежата на Проведел за гол на Верона и 1:1.

Во 77-та минута Ондреј Дуда го доби својот втор жолт на натпреварот и беше исклучен.

Со играч повеќе до крајот на натпреварот Лацио со крајни сили се обидуваше да дојде до победа, но резултатот остана непроменет 1:1.