Екипата на Еинтрахт Франкфурт со „петарда” го поздрави Баерн Минхен. Домаќините триумфираа со неверојатни 5:1.
Голеадата започна уште во првиот дел кој заврши 3:1. Мармоуш го отвори резултатот, Дина Ебимбе и Ларсон зголемија на 3:0. Кимих даде мала надеж за „Баварците” со голот за 3:1.
Во вториот дел Ајнтрахт само ја потврди победата со головите на Дина Ебимбе и Кнауф.
Со овој триумф Франфурт дојдоа до 21 бод и 7-ма позиција во Бундеслигата, а пак Баерн останува на втората позиција до 32 бода.
Андреај Велјаноски