Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги потврди рангирањата на репрезентациите за следното издание во Лигата на нациите 2024/2025.

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ќе се натпреварува во третата по ранг конкуренција „Ц“.

Нашата селекција е сместена во третиот квалитативен сад пред ждрепката закажана за февруари. Јасно е дека црвено-жолтите нема да играат против, Словачка, Северна Ирска, Кипар кои се во истиот сад.

Кои ќе бидат противниците ќе се знае на 8 февруари 2024-та за кога е закажана ждрепката.

Од другите три садови можни противници на Македонија се:

Лига на нации „Ц“ конкуренција

Прв сад: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор сад: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Четврт сад: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

Според утврдениот календар, првите натпревари ќе се играат на 5 и 8 септември следната година. Месец дена подоцна на 10 и 13 октомври ќе следуваат нови две кола, а групната фаза ќе заврши со два натпревари на 14 и 17 ноември.

Од секоја група двете првопласирани селекции ќе продолжат во четвртфиналната рунда со ривали од истата „Ц“ конкуренција.