Вицепрвакот Алкалоид ја оствари и 13-тата победа во исто толку одиграни натпревари сезонава во Супер лигата.
Во воведниот натпревар од 13.коло во А групата, вечерва во Автокоманда, Алкалоид го победи Куманово со 29-12 .
Уште од самиот почеток домаќините најавија дека бодовите остануваат во Скопје. Во 17.минута домаќините поведоа со 8-1, а најголемата предност изнесуваше +9 (13-4). Малото опуштање му дозволи на противникот на намали од разликата, па на полувреме Алкалоид замина со +5 (14-9).
Во второто полувреме се играше „на еден гол“, готскиот. Алкалоид реализира 15, а на Куманово му дозволи да постигне само три гола, па на крајот Алкалоид славеше со 29-12.
15 годишниот Максим Гарбески и Давид Савревски со по 6 постигнати голови беа најефикасните на овој натпревар.
Следен дуел за Алкалоид, е последниот во Европската лига. Во вторник во Јане Сандански“, Алкалоид ја пречекува шпанската Ла Риоха.