Тениската селекција на Италија израмни на 1:1 против Србија во победи во полуфиналето на Дејвис купот во Малага.
Ова откако Јаник Синер по голема борба го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (2:1).
Синер го доби првиот сет и тоа доста убедливо со 6-2, а во вториот Ѓоковиќ возврати идентично 6-2.
Во решавачкиот Ѓоковиќ при водство од 5-4 не искористи три меч топки. Тоа дополнително го мотивираше Италијанецот, кој веќе во следниот гем направи брејк за водство од 6:5.
Полн со самодоверба, Синер го одигра последниот гем на свој сервис, Новак не можеше ништо да направи таму, па Синер го доби сетот со 7-5, а мечот со 2:1.
Така дуелот во двојки, ќе го реши патникот во финалето на дејвисовиот куп.