Првиот и дерби-натпревар од 13. коло во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул заврши нерешено 1:1.
Со голот на Ерлинг Халанд во 27-та минута, Манчестер Сити дојде до водство од 1:0. Со овој гол, Халанд запиша 50 голови во англиското првенство и испиша нов рекорд на ова натпреварување.
Имено, Норвежанецот стана првиот фудбалер кој во историјата на Премиер лигата најбрзо стигнал до бројката од 50 постигнати погодоци, а за тоа му беа потребни само 48 натпревари.
Во второто полувреме Ливерпул се обидуваше да возврати со гол во мрежата на Едерсон, а тоа му успеа во 80-тата минута. Прекрасен погодок од работ на шестнаесетникот постигна Трент Александер-Арнолд на асистенција на Мохамед Салах.
Крајниот резултат беше 1:1.