Во последниот натпревар од 8.коло на Првата лига, МЗТ Скопје Аеродром го доби дербито со ТФТ и се врати на првото место на табелата.
Интересен натпревар одиграа двете скопски екипи во СЦ „Кале“ вечерва, кој му припадна на актуелниот шампион со 68-63.
По една четвртина добија двата тима, па на полувреме се заминаа израмнети 35-35.
И во второто полувреме двата тима имаа свои добри периоди на игра. Аеродромци имаа и +7 на средината на третиот период кој го завршија само со поен разлика 53-52.
Во последниот период мина во неефикасна и нервозна игра. Како резултат на тоа беа само 11-те поени на домаќините и 15 на гостите па на крајот МЗТ славеше со конечни 68-63.
Со оваа победа МЗТ се врати на врвот на табелата со бод повеќе од Чаир кој претходно го совлада Пелистер.
Токму во МЗТ Скопје и Чаир во следното коло ќе го играат дербито и тоа во „Јане Сандански“ во сабота од 18 часот.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
денеска
ЧАИР – ПЕЛИСТЕР 87-80
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 63-68
одиграно изминатиот викенд
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 86-56
АКДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 93-83
ВАРДАР – ГОСТИВАР 75-90
ФЕНИКС – ЕУРО НИКЕЛ 87-82
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 15 бодови, Чаир 14, Еуро Никел 13, Работнички 13, Пелистер 13, ТФТ 13, Феникс 12, Гостивар 12, Вардар 11, Кожув 10, Академија ФМП 9, Охрид 9.