Ракометниот шампион на Македонија во женска конкуренција екипата на Ѓорче петров го дозна својот противник за осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп.
Денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена на ѓорчепетровки за противник им го донесоа чешкиот тим Хазена Кинжварт.
Првиот натпревар македонскиот шампион ќе го игра на домашен терен во Скопје на 13 јануари (Автокоманда, 18 часот). Реваншот ќе се игра во Чешка, во гратчето Чеб, седум дена подоцна (20 јануари 2024 од 18 часот).
Потсетување дека ѓорчепетровки место во осминафиналето забележаа со четирите убедливи победи над црногорскиот Тиват и белгискиот Ојпен.