Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува возвратниот меч со ПИК Сегед.
Дуелот од 7.коло во Лигата на шампионите ќе се игра во Битола. Пелистерци минатата седмица беа убедливо совладани на гостувањето, откако одиграа катастрофално второ полувреме.
Тоа ќе мора да се смени и тимот ќе мора да игра до крај вели меѓу другото тренерот на пелистерци Бранислав Ангеловски.
„На претходниот натпревар одигравме добро во првото полувреме и катастрофално лошо реализаторски во нападот во второто. Тоа работа не треба да ни се случи на натпреварот во Битола.
Добро ги познаваме, ќе имаат поголема ротација и ќе играат неколку играчи кои не настапија на првиот натпревар.
Најмногу ме загрижува тоа што лесно се предадовме, иако имавме активен резултат до последните 10 минути. Се надевам дела во Битола тоа нема да се случи пред нашите симпатизери и верни навивачи, од кои имаме огромна поддршка.
Се надевам на подобар натпревар од тој што го одигравме во Сегед, а со тоа и подобар резултат“,
изјави Ангеловски.
Утрешниот меч меѓу Е. Пелистер и ПИК Сегед ќе се игра во попладневниот термин од 18.45 часот.