По вчерашните три нови репрезентации кои се пласираа на Европското првенство во Германија останаа уште само осум места.
Репрезентацијата на Романија со пресврт над Израел дојде до три бода и пласман на ЕП како првопласирана во „И“ групата.
Вториот патник од истата група е Швајцарија, која ремизираше на домашен терен со Косово (1:1).
Во групата „Б“, Холандија со минимални 1:0 славеше над Ирска и обезбеди пласман на ЕП. Херојот на Холанѓаните беше Воут Вегхорст, кој го постигна победничкиот погодок на натпреварот.
Денеска во групата „Г“, Србија за пласман на Европското во Германија ќе се бори за бод на домашен терен против репрезентацијата на Бугарија. Додека Црна Гора гостува во Унгарија и ќе оди по три бодови со надеж за „кикс“ на Србите.
Standings provided by Sofascore