Англија по „лошата“ претстава со Малта во петокот, утревечер и гостува на нашата репрезентација на стадионот „Тоше Проевски“.
Тренерот на Англичаните, Герет Саутгејт, на прес-конференцијата пред натпреварот вели дека Македонија со голема мотивација ќе го одигра претстојниот натпревар.
„Репрезентацијата на Македонија и покрај тоа што беше ранета во дуелот на „Олд Трафорд“ сепак со голема мотивација ќе одигра против нас. Атмосферата на стадионот ќе биде одлична и ќе имаат голема поддршка од симпатизерите, но ние сакаме да ја завршиме групата со позитивен резултат. Не бевме на врвно ниво против Малта, но утревечер верувам дека ќе се покажеме во најдобро светло. Трипие е повреден и нема да игра, но секако имаме квалитетни играчи кои можат да ја пополнат левата бековска позиција“, вели Саутгејт.
Натпреварот е на програмата утре со почеток од 20:45 часот.