Кошаркарите на Работнички ја остварија 4-тата победа во прволигашката конкуренција. Во натпревар од 8.коло одигран попладнево во Скопје, Работнички убедливо го порази Охрид.

Триумфот домаќините го најавија уште по првиот период во кој примија само 4 поени, а го добија со 17 разлика (21-04). Се натаму беше само чиста рутина па Работнички на крајот славеше со убедливи 30 rzlija (86-56) .

Стојан Ѓуроски со 15 поени беше прв стрелец на мечот и во победникот тим за кој  Трис додаде 13, а Ефремовски 12 поени поени.

Во тек се уште два натпревари.

Поради проблеми со семафорот во салата „Независна Македонија“ натпреварот Академија ФМП – Кожув започна со едно часовно задоцнување.

Во малата сала на СЦ „Кале“ играат екипите на Вардар и Гостивар. Утре ќе се одигра уште еден натпревар, а дерби дуелите на програмата се во среда.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
сабота
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД  86-56
АКДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ во тек
ВАРДАР – ГОСТИВАР во тек
недела
20.00 ФЕНИКС – ЕУРО НИКЕЛ
среда (22/11)
19.00 ЧАИР – ПЕЛИСТЕР МРТ3
19.30 ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, Работнички 13, Еуро Никел 12, Пелистер 12, ТФТ 12, Чаир 12, Феникс 10, Гостивар 10, Вардар 10, Кожув 9, Охрид 9, Академија ФМП 7.