Јаник Синер докажа дека е во фантастична форма и и се пласира во финалето на завршниот Мастерс во Торино.
На задоволство на домашната публика Италијанецот во полуфиналето го надигра Данил Медведев во три сета со 2-2.
Во првиот сет решавачки беше четвртиот гем во кој Синер направи брејк и подоцна го доби сетот со 6:3.
Вториот сет беше решен во тај-брејк, а го доби Русинот со 7:4 на поени за израмнување на 1-1.
Во решавачкиот, трет сет, Италијанецот одигра фантастично и со само еден загубен гем (6:1).
Сега Синер ќе го чека исходот од вечерашната голема полуфинална пресметка, во која ќе играат двајцата најдобро рангирани тенисери Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз