Екипата на МЗТ Скопје У.Б. ја забележа четвртата победа во второлигашката кошаркарска конкуренција.
Во водениот натпревар од седмата рунда, одигран во СЦ „Јане Сандански“, младите аеродромци славеа над фаворизираните Ангели со 59-53 .
Домашниот тим отвори одлично и во 7.минута поведе со 18-02. До крајот на периодот аеродромци постигнаа само два, но и гостите не беа подобри со пет поени, па четвртина заврши 20-07.
Во вториот период за нијанса подобра игра на гостите па на полувреме се замина со 32-23 за МЗТ.
Третиот период далеку подобра игра на гостите, пред се во одбраната. Тоа донесе и резултат па дојдоа до -1. Но, со тројката на Величковски со звукот на сирената МЗТ заврши со +4:(41-37).
И во последната четвртина гостите постојано ја бркаа негативата, но сино-белите не го дозволија тоа. Повеќе ја посакуваат, се бореа и ја заслужија победата.
Вечерва на програмата се уште три натпревари, сите од 19 часот.
Дерби дуел ќе се игра во салата „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари, ќе се сретнат трето и второ пласираните екипи Маџари и Шкупи.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
сабота
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ 53-59
19.00 МАЏАРИ – ШКУПИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО
19.00 СОКОЛИ – ТЕТЕКС
недела
16.00 ВОДНО САНС – РАБОТНИКИ 2018
19.00 КУМАНОВО 2009 – БОРЕЦ БАСКЕТ
ТАБЕЛА: МКК Куманово 12, Шкупи 11, Маџари 11, Ангели 11, МЗТ Скопје У.Б. 11, Соколи 9, Борец баскет 9, Водно Санс 9, Мега Баскет 8, Тетекс 7, Работнички 2 7, Куманово 2009 6