Не е потребен посебен мотив кога се игра против актуелниот европски шампион и повеќекратен Италија.
Ова меѓу другото го нагласува капитенот на македонската репрезентација Енис Барди.
„Не треба да потенцирам дека сме мотивирани.
Ова е натпревар кој секој фудбалер сака да го игра.
Имаме нови, млади фудбалери и ова е шанса да бидеме подобри, а за тоа ни требаат вакви натпревари”,
изјави Барди на официјалната прес-конференција.
Токму Барди со евроголот во Скопје повторно им нанесе ударна Азурите, кои никако не можат да излезат на крај со Македонија.
„Не верувам дека Италија ќе нè потцени.
Верувам дека пак ќе ја направиме горда нацијата и нашите најблиски.
Дај Боже натпреварот да заврши како во Скопје“, нагласи Барди.
И ко-капитенот Ељиф Елмас најавува голема борба и атак на Македонија на трите бода.
„Играме против квалитетна репрезентација, очекувам да излеземе на терен и да покажеме што знаеме против една голема Италија.
Не се плашиме од ниту еден од италијанските фудбалери и храбро ќе излеземе на терен.
Многу наши луѓе ќе дојдат на трибините и тоа посебно не мотивира”, изјави Елмас.
Натпреварот Италија – Македонија што ќе се игра на „Олимпико“ во Рим ќе почне од 20.45 часот.