Седми пораз на ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во исто толку натпревари од групата А од Лигата на шампионите.
Битолчани вечерва загубија на гостувањето кај ПИК Сегед со 34:26 (18:19), иако одиграа многу добро во првиот дел и имаа водство по 30 минути игра. Но, едно добро полувреме како во Загреб на гостувањето се покажа недоволно за позитивен резултат.
Избраниците на тренерот Бранислав Ангеловски, а по голот на Богдан Радивојевиќ во 12.минута водеа со 10:5. Унгарската екипа успеа во 20.та минута да изедначи на 13:13, а потоа беше и 14:14, но битолчани повторно дојдоа до предност и на полувреме имаа позитива од еден гол.
Сепак таа игра не беше и во вториот дел, но тогаш се прашуваа и ракометарите на ПИК Сегед кои заиграа подисциплинирана. Последното водство Еурофарм Пелистер го имаше во 32.та минута 21:20, а потоа следуваше серија од 7-0 за ПИК Сегед и предност од 27:21. Ракометарите на македонскиот шампион направија серија од 4-1 и намалија на 28:25, и притоа не реализираа три напади и противникот стигна и до највисоката предност од 33:25 (+8).
Марио Шоштариќ кај ПИК Сегед со 9 голови беше најефикасен со едно промашување, додека Денис Василев за Е. Пелистер беше стрелец на 5 голови. Сепак најдобар поединец на дуелот беше голманот на ПИК Сегед Роланд Миклер со 16 одбрани (60%).
За ПИК Сегед ова беше трета победа во групата од ЛШ или втора во низа, а Е. Пелистер останува без бод на последното место на табелата. Од оваа група се одиграа уште два натпревара: Кил – Алборг 18:27 и Загреб – Киелце 22:22. Кил е прв во групата со 10 бодови, пред Алборг со 9.
Еурофарм Пелистер во следното коло е домаќин на денешниот ривал ПИК Сегед, а натпреварот се игра на 22.ноември.