Вицепрвакот Алкалоид ја оствари и 11 победа в Супер лигата. Во воведниот натпревар од 11.коло одигран вечерва во Автокоманда, Алкалоид го совлада Аеродром со 42-28.
Првото полувреме мина во рамноправна игра иако домаќинот во 10.минута имаше и 4 голови предност (9-5). Гостите од Аеродром со играта 7 на 6 успеваа да ја анулираат негативата, но првиот дел го завршија со -1 (19-18).
Воигра беа аеродромци и се до 36-тата минута кога резултатот на беше 21-20 за домаќинот. Од тој момент избраниците на Дарко Петровски почнаа со низата грешки кои домаќините знаеја да ги казнат. Си серија до 7-0, а потоа уште една од 5-1, Алкалоид создаде голема предност која рутинирано ја сочува до крајот.
Со по 9 постигнати голови Дарио Кофиловски и Давид Савревски беа најефикасните ракометари на натпреварот, но и победничката екипа за која се истакна Галевски со 13 одбрани.
Следен натпревар за Алкалоид е гостувањето кај Силкеборг во ЕХФ Европската лига.