Откако вчера ТФТ победи, а МЗТ Скопје претрпе пораз денеска свој натпревар во АБА2 лигата ќе имаат кошаркарите на Пелистер.
Во рамките од 3.коло, македонскиот вицешампион Пелистер ќе игра против новосадска Војводина.
Двата тима на првиот турнир во Суботица, имаа половичен ефект, по една победа и пораз.
Битолчани во овој натпревар влегуваат со серија од пет победи во низа во домашното првенство, а секако ќе сакааат да ја продолжат и во АБА2 лигата.
Ова е последниот натпревар со кој ќе биде комплетирана третата рунда, по кој попладнево почнува и четвртата. Во неа ќе го гледаме второто македонско дерби меѓу Пелистер и ТФТ во петок.
Денешниот меч меѓу Пелистер и Војводина е во терминот од 15 часот.