Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги одработува мини подготовките за дуелите со Италија и Англија.
Во пресрет на двата последни дуели од квалификациите за Европското првенство, своите очекувања ги сподели нашиот офанзивен фудбалер Бојан Миовски.
„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво сме и мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок и одлични резултати со Италија на последните натпревари.
Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси во против нападите, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме“, изјави Миовски.
Во петок, Македонија ќе гостува на „Олимпико“ во Рим кај Италија. Последниот натпревар црвено-жолтите ќе го играат во Скопје на арена „Тодор Проески“ против Англија на 20 ноември.