Ракометарите на Вардар ја остварија осмата победа во Супер лигата.
Во последниот натпревар со кој беше заокружено од 10.коло, Вардар го побети Бутел 26-20.
Освен почлените 0-1 за гостите, се понатаму беше под контрола на вадарци. Тоа црвено-црните го најавија со серијата од четири гола за водство од 4-1.
Најголемата предност беше седум голови (9-2), но на крајот на мечот таа изнесуваше +6 (26-20).
Марко Срдановиќ со 6 голови за Вардар, односно Бојан Спасовски со исто толку за Бутел, беа најефикасните ракометари на натпреварот.
Со оваа победа Вардра се враќа на врвот на табелата во „Б“ групата со 24 бодови колку што има и битолски Пелистер.
Веќе утре пелистерци ќе го играат дуелот од 10.коло во Скопје, против Голден Арт, а Вардар во петок ќе игра протов Пролет.
ТАБЕЛА: Вардар 224 бодови , Е. Пелистер 24, , Пролет 15, Бутел Скопје 15, Голден Арт 13, Прилеп 7, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 0.