Ига Швјатек за прв пат во кариетата го освои трофејот на завршниот ВТА Мастерс, што се одрќа во Канкун, Мексико.
Полската тенисерка речиси и да немаше противничка во финалниот меч кој го доби експресно и со само еден загубен гем.
Иако протов себе ја имаше Џесика Пегула која до финалето стигна со четири убедливи победи и без загубен сет, сепак Швјатек доминантно стигна до трофејот.
Американката, освои само до еден гем, а тоа беше во првиот сет, на нејзиниот прв сервис кога израмни на 1:1. Останатите 11 ги освои полската тенисерка која славеше со 6:1 и 6:0.
Така, покрај трофејот Швјатек стигна и до 1.место на ВТА-листата, од кое ја симна Арина Сабаленка, која ја победи во полуфиналето.
За Швјатек тоа е нејзина шеста титула сезонава, а 17-та во кариерата.