Шампионот Денвер одлично ја започнаа сезоната, имаат ‘скор’ 7-1.

До седмата победа Денвер стигна на “крилата“ на Никола Јокиќ. Нагетси на домашен терен славеа над Њу Орлеанс убедливи со 134:116.

Уште една блескава вечер на Никола Јокиќ. Тој го забележа 108 трипл-дабл во кариерата, оставајќи ги Леброн Џејмс и Џејсон Кид зад себе , а сега е четврти во историјата.

Јокиќ мечот го заврши со 35 поени, 14 скока и 12 асистенции.

Пред Србинот сега се само тројца кошаркари. Од активните на вечната листа е Расел Вестбрук.

Кошаркарот на ЛА Клиперс е прв со 198 трип-дабл остварувања, а по него следуваат, Остар Робертсон и Ирвинг Меџик Џонсон