Столе Димитриевски одново покажа дека е голман од светска класа. Овој пат самиот го сопре Реал Мадрид.
Малиот клуб од Мадрид не упати никаква закана кон голот на Кепа, ама затоа Столе се претвори во „кинески ѕид”.
Со 5 одбрани Столе беше лидер во ремито без голови на „Сантијаго Бернабеу“. Димитриевски едноставно ги излуде фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид.
Македонскиот голман Димитриевски беше најзаслужен за тоа и сосема оправдано го понесе приматот „играч на мечот“
По овој натпревар Рајо Ваљекано е на 9.та позиција во Премиера со 18 бода. По 12 одиграни кола Реал Мадрид со 29 бода е второпласиран зад лидерот Џирона.
Андеј Велјаноски