Спектакуларен финиш на Олимпико, каде Рома со два гола во продолженијата дојде до победа од 2:1 против Лече.
Натпреварот почна лошо за Рома кога Лукаку во петатта минута промаши пенал.
Лече се стабилизира и беше рамноправен противник.
Состојбата на теренот се промени во 72-та кога Лече преку Алмаквист дојде до предност од 0:1.
Сепак вистинската драма следуваше во финишот кога Рома приреди Блиц-крик и со два гола дојде до победа.
Најпрвин Азмум во 91-та донесе изедначување, а вистинскиот делириум следуваше во 94-та кога Лукаку со гол донесе пресврт и големи три бода за Рома