Удинезе приреди вистинско изненадување и со минимални 0:1 славеше голема победа над големиот фаворит Милан.

Шансите на Удинезе беа минимални пред натпреварот, затоа што на 10 натпревари оваа сезона немаа ниту една победа, сепак првата дојде токму над Милан.

Победничкиот гол на натпреварот го постигна искусниот Роберто Переира кој во 62-та минута го реализираше ударот од белата точка.

Милан до крајот преку Жиру и Леао сериозно се закани но, не успеа да изедначи. Така нероазурите остана без победа трет натпревар во низа.