Во Втората машка кошаркарска лига на програмата е 5.коло кое денеска нуди два натпревари, во Куманово и Прилеп.

Довчерашниот прволигаш Куманово 2009 досега се нема израдувано на победа во второлигашката конкуренција. Имајќи го во предвид и денешниот противник тимот на Шкупи, вистинско чудо би било кумановци да стигнат до првата победа. Чаирчани се со големи амбиции (влез во Првата лига), оттаму и улогата на фаворит ја имаат тие.

Во Прилеп, кај Мега Баскет гостува екипата на Тетекс. Тоа ќе биде дуел на двата тима кои лани играа во Тратата лига, а сезонава во Втората сеуште немаат победа. Јасно е дека по денешниот натпревар едена од овие екипи конечно ќе се израдува.

Останатите три натпревари ќе се играат утре.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
Сабота
18.00 КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС
недела
14.30 ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ
петок
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 91-70

ТАБЕЛА: МКК Куманово 8 бодови, Ангели 8, Шкупи 7, Соколи 7, Маџари 7, Водно Санс 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Работнички 2018 6, Борец Баскет 6, Мега Баскет 5, Куманово 2009 4 и Тетекс 4.

СИТЕ НАТПРЕВАРИ МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ ОВДЕ