Mакедонската женска репрезентација продолжува со црниот ефект во групата Ц од лигата на Нации и вечерва загуби со 3:1 од Косово.
Неиграњето на Наташа Андонова очигледно е преголем удар за нашите девојќи па повторно играта делуваше конфузно и неповрзано.
Уште од самиот старт противничките покажаа дека се поквалитетни, па преку Халилај во седмата и Мемети во 14-та дојдоа до 2:0.
Целосната доминација беше потврдена во 33-тата минута кога Биќај зголеми на убедливи 3:0.
Почесниот погодок за Македонија го постигна Оливера Чоклевска во 90-тата минута кога ги постави конечните 3:1.
За нашата репрезентација ова е трет пораз и остануваме заковани на дното со нула бодови.