Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со својата екипа Хајдук ја мина осминафиналната пречка во купот на Хрватска.

Хајдук кој е бранител на трофејот пласман во четвртфиналето обезбеди со победата на гостински терен кај Јадран Лука Плоче со 2:0.

Автоголот на Мартиќ во 73-тата и погодокот на Сахити во дополнение (90+2) беа доволни Хајдук да помине во следната.

Нашиот репрезентативец, Трајковски беше во почетните 11-мина, а играше до 78-та минута.