Манчестер Сити убедливо со 3:0 славеше над Јунајтед во манчестерското дерби од 10.коло во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот во 26-тата минута по прецизно изведениот пенал за 1:0.
Истиот играч во почетокот на второто полувреме (49-тата минута) зголеми на 2:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола покажаа одлична комбинаторика и со прекрасни додавања „господаруваа“ на теренот.
За конечните 3:0 заслужен беше Фил Фоден, кој по асистенцијата на Халанд во 80-тата минута го совлада Андре Онана.