Женската македонска репрезентација ја очекуваат два дуели од Лигата на нациите.  Следува двомечот со селекцијата на Косово во рамките од петата група.

Селекторот Кирил Изов за пресметките против Косово ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиоска (Вајхо, Шведска), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Драгана Костова (Каменица САСА), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен);

Првиот натпревар Македонија и Косово ќе хо играат во петок од 13 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Реванш дуелот е во вторник (31 октомври)

Македонската репрезентација на воведниот меч од групата во Лига на нации минимално со 1:0 загуби од Бугарија на домашен терен.