Во двете групи од ракометната Супер лига денес ќе се играат четири натпревари.

Најинтересен дуел денеска е натпреварот на локалните ривали од брегот на Охридското езеро меѓу Охрид и Струга. Охриѓани ќе се обидат да стигнат до триумф и да останат во чекор со водечките екипи во групата.

Во вториот натпревар од групата напладне се игра дуелот меѓу Аеродром и МРК Куманово.

Во првите два дуела од осмото коло од 8.коло: Е. Пелистер 2 – Тиквеш 27:32 и Алкалоид – Скопје 38:25.

Во Б групата покрај дерби дуелот Еурофарм Пелистер – Вардар, што се игра утре, ќе играат уште натпреварите: Голден Арт – Мулти Есенс, Вардар Неготино – Пролет и Бутел Скопје – Прилеп.

Распоред на натпревари:
сабота

12.00 АЕРОДРОМ – МРК КУМАНОВО
18.00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП
18.30 ОХРИД – СТРУГА
18.30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРОЛЕТ
недела
17.00 ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Табела А група: Алкалоид 24 бодови, Тиквеш 21, Охрид 15, Струга 12, Аеродром 9, Е. Пелистер 2 6, МРК Куманово 1, Скопје 2020 1.

Табела Б група: Вардар 21 бод, Е. Пелистер 18, Пролет 62 12, Бутел 12, Прилеп 7, Голден Арт 7, Мулти Есенс 6, Вардар Неготино 0.