За во недела закажано се „Супер дербито“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое треба да се игра во рамките од 8.коло на Супер лигата.
Вардарци поради лошиот здравствен билтен, вчера побараа одложување на натпреварот. Но, од таборот на Еурофарм Пелистер не сакаат да го прифатат тоа.
Ова е поентата на денешното соопштение на тимот од Битола.
„Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер.
Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите. – Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.
Пелистерци очигледно заборавија дека вардарци им излегоа во пресрет на стартот на сезоната.
Тогаш дуелот од 1.коло во Скопје беше одложен поради обврските на Пелистер во Лигата на шампоните. Тој натпревар требаше да се игра како и останатите на 9 септември, но беше одложен и се одигра на 18 септември.