Ракометарите на Тиквеш ја остварите шестата победа во Супер лигата. Во воведниот натпревар од 8.коло во „А“ групата, Тиквеш на гости го совлада вториот тим на Еурофарм Пелистер со 32-27.
Домаќините беа рамноправен противник до средината на првиот дек кога имаа и гол предност 7-6. Следуваше серија од 4-0 на гостите од Кавадарци, кои на паузата заминаа со три гола предност 16-13.
Во второто полувреме. Иако домашниот тим постојано се обидуваше да ја намали негативата, сепак ракометарите на Тиквеш не го дозволија тоа и на крајот заслужено славеа со пет гола разлика.
Со по 7 постигнати голови, Стахиња Симиќ и Марко Маиќ беа најефикасен во победничката екипа. По 5 гола додадоа Нигериецот, Обина Ани и Евгениј Темелковски.
Кавадаречката екипа утре патува за Австрија каде во сабота ќе го игра реваншот против Кремс.
Тоа е натпревар од второто квалификациско коло за ЕХФ Европскиот Куп.
На првиот натпревар одигра во Кавадарци Тиквеш славеше победа со 4 голови разлика 33-29.
Саботниот реванш ќе се игра во терминот од 19 часот.