Александар Ивановски доби нов четиригодишен мандат претседател на тениската федерација, а на Изборното Собрание беше одлучено Управниот одбор од девет да биде зголемен на единаесет членови. Тој значи дека Ивановски на чело на федерацијата ќе биде и во периодот од 2023 до 2027 година.

Ивановски и во претходните четири години беше прв човек на тениската федерација, а ова значи и продолжување на активностите што ги реализираше федерацијата во изминативе четири години, а секако важен момент беше  организација на Macedonian Open, женскиот фјучрс како и на неколкуте турнири годишно за младите категории.

Една од новините е тоа што е зголемен бројот и на членовите на УО, па така новиот го сочинуваат: Александар Ивановски (претседател), Горан Рафајловски (потпретседател), Љубиша Давидовиќ, Сашо Наумоски, Зоран Антиќ, Јован Мариќ, Миле Атанасов, Љупчо Манџуков, Александар Медарски, Ана Бураку и Билјана Калчовска.

Надзорниот одбор го сочинуваат: Ерол Хасан (претседател), Хари Локвенец и Миливој Крстески.