Репрезентацијата на Италија ја потврди фаворитската улога со Малта и ја оствари третата победа во квалификациите за ЕП 2024-та. 

Во натпреварот од нашата „Ц“ група азурите лесно се справија со Малта и славеа убедлива победа со 4-0. 

Бонавентура во 23-тата го отвори резултатот. Следуваа два гола на Берарди (45+1 и 64.минута). Конечните 4-0 ги постави Фратеси во третата минута од судиското дополнение (90+3). Италијанците се вратија на 2.место на табелата со 10 бодови колку што има и Украина, но и натпревар помалку, оној следниот со Англија на гости во вторник. А, токму Англичаните се  први на табелата со 13 бодови.

По поразот од Украина (0-2), Македонија остана на седумте бодови и на 4.место на табелата. 

Во ноември (17-ти), нашата репрезентација ќе игра против Италија во Рим, а во вторник во Струмица, контролен натпревар против Ерменија.