Македонската фудбалска селекција има за што да жали, но и да биде задоволна. Пропуштија многу шанси избраниците на Милевски да постигнат гол против Украина, но и Столе Димитриевски не спасуваше од поголем пораз.
На крајот, играта се заборава, а резултатот се памети и останува, а тоа е 2:0 за Украинците.
„Мислам дека сите уживаа во фудбалот кој го прикажаа Украина и Македонија. Честитки за Украина за победата, но горд сум на моите момци.
Реакцијата по примениот гол ни беше одлична. Успеавме да се наметнеме, за жал не успеавме да дојдеме до гол и кога нема да ги искористиш шансите, поразот е неминовен.
Против нас имавме одличен ривал. Примивме несреќен гол, по кој спонтано реагиравме и не можам да не бидам задоволен. Направивме неколку одлични шанси уште во првиот дел.
Разочаран сум само од резултатот.
Моравме да се отвориме во продолжението, па ѝ оставивме простор на Украина да нападне и доби повеќе шанси.
Ни остануваат дуелите со главните фаворити, во кои треба и ќе се надигруваме до крајот овој на циклусот“,
изјави селекторот Благоја Милевски по натпреварот
Милевски и неговите избраници во вторник во Струмица ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Ерменија, а следниот квалификациски е против Италија во Рим во ноември.