Геостратешки институт „ГЛОБАЛ“ ја продолжува својата ангажираност активност за подобрување на состојбите во македонскиот спорт.
Креирањето на нови, современи политики, согласно светските трендови во нај етаблираните „спортски“ земји, е главната мисија на „Гобал“. Затоа и годинава, втор пат по ред, ќе се одржи спортски самит насловен како „Today’s Sport 2023“.
Самитот кој е најмасовен и единствен од ваков карактер на спортски настани во нашата држава, годинава е под покровителство на Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски.
„Основната цел на спортскиот самит е менување и етаблирање на нови и модерни спортски политики усогласени со европските, односно одржување на константни промени во спортскиот систем особено оној професионалниот преку воведување на нови начини на финансирање, нови начини на менаџирање во спортот, но и воведување на нови спортски професии како што се спортски менаџер и спортски туризмолот.
Исто така самитот ја има високо на својата агенда и најболната тема во нашето општество корупцијата во спортот за која ќе се говори јавно и отворено. Спортскиот самит ќе настојува да нуди позитивни и соодветни спортски политики кои се базирани на искуствата на европските спортски политики.
Годинава, ќе имаме чест и задоволство на самиот самит да поздрават и дебатираат членови на Владата, директори на значајни државни институции, претставници на Универзитетската задница, спортски работници, здруженија на граѓани од областа на спортот и образованието како и професори и експерти од Европската Унија.
Почитувани, Би сакале да Ве поканиме да земете активно учество и да бидете дел од овој голем спортско-образовен настан во нашата држава, и да придонесете за градење на новите спортски политики“,
се вели во информацијата на Геостратешки институт „ГЛОБАЛ“.
Годинашното издание на „Today’s Sport 2023“, ќе се одржи 26 октомври 2023 во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје (од 10 до 16 часот).
Сите актуелното поврзани со овој настан може да ги следите на веб страната на „Глобал“ и на социјалните мрежи (Фејсбук)