Атлетико Мадрид го совлада Реал Сосиедад со 2:1 во дерби натпреварот од 9-тото коло во шпанската Ла Лига.

Херојот на натпреварот беше Антоан Гризман, кој во 89-тата минута му донесе три бода на својот тим.

Избраниците на Диего Симеоне дојдоа до предност од 1:0 со голот на Самуел Лино во 22-та минута. Без поголеми шанси за погодок двете екипи заминаа на полувреме.

Вториот дел одлично го започна Реал Сосиедад. Гостите креираа голем број на шанси и покажа одлична игра во средината на теренот.

Во 73-тата минута Микел Ојарзабал упати проектил кон голот на Јан Облак и го изедначи резултатот на 1:1.

Антоан Гризман стави точка на натпреварот со прецизно изведениот пенал во 89-тата минута, со што ги постави конечните 2:1 и ги врати насмевките на „Метрополитано“.

Со оваа победа Атлетико Мадрид, пред репрезентативната пауза, се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 19 бодови, додека Сосиедад со 15 е шести.