Избраниците на Јурген Клоп одиграа нерешено на гостински терен против екипата на Брајтон (2:2).
Одличен старт на натпреварот имаа домаќините, кои дојдоа до водство од 1:0 уште во 20-тата минута. Стрелец на голот беше Симон Адингра, кој по грешката на Мекалистер, го совлада Алисон Бекер.
Мохамед Салах го изедначи резултатот на 1:1 во 40-тата минута, по асистенција на Дарвин Њуњез. А, само шест минути подоцна (45+1), Салах постигнувајќи го својот втор погодок на натпреварот му донесе предност на Ливерпул од 2:1 пред паузата.
Второто полувреме продолжи со голем број на шанси од страна на двете екипи. Во 78-та минута, по прекрасно нафрлената топка од страна на Соли Марч, Луис Данк постигна гол и го изедначи резултатот, со што ги постави и конечните 2:2.
Волвс извојува бод на на домашен терен против Астон Вила (1:1) . Хванг Хи-Чан му донесе водство на Волвс во 53-тата минута.А само две минути подоцна, Пау Торес ги постави конечните 1:1.