Во четвртото коло од женската Супер лига попладнево се одиграа два натпревари.

Екипата на Вардар убедливо ја совладаа Гевгелија, на гостински терен, со 37:16 и се радуваше на третата победа.

Вардарки го започна натпреварот со серија од 7:0. Црвено-црните влегоа максимално во овој натпревар и само ја зголемуваа предноста. Веќе на полувреме Вардар имаше двоцифрена предност, а резултатот беше 18:8.

Во 40-тата минута од втората половина, гостите ја зголемија предноста на +15. Иако домаќините се обидуваа да ја намалат негативата вардарки беа незапирливи. Крајниот резултат гласеше 37:16 за вардарки.

Најефикасна од победничкиот тим беше Ивона Трпевска со шест погодоци, додека одличен  деби настап имаа двете кадетки Дона Тодоровска и Леона Миленкоска со по 5 гола.

Во екипата на Гевгелија Димова Елена даде четири гола.

Во вториот натпревар Стружанка и Скопје одиграа без победник, а дуелот заврши со резултат 27:27.

Попладнево ќе се одиграат уште два натпревари.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
сабота
СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА 27:27
ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР 16:37
17:30 ШАМПИОН – АСТИБО
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК
недела
13:30 КУМАНОВО – ДЕСПИНА
18:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР СКОПЈЕ
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР
среда
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА

Ивона Кимовска