Во машката ракометна Супер лига попладнево беа одиграни два натпревари. По нив екипите на Вардар и Алкалоид го продолжија максималниот ефект.

До петата победа вардарци стигна во дуелот со неготински Вардар. Уште на полувремето во „Јане Сандански“ беше јасно кому ќе му припадне победата. Скопјани го добија првиот дел до 17-9, за на кракот да славата со 35-19.

Ален Ќосевски и Матија Николиќ постигнаа по шест гола, а по пет додадоа Милан Лазаревски и Хансер Родригез. Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот играч Лазар Адамовиќ.

Во Автокоманда. Алкалоид до петата победа стигна во дуелот со Струга. По израмнетото прво полувреме (13-13), во второто Алкалоид одигра на очекуваното ниво. Постигнаа избраниците на Лазаров 21, а примија само 5 гола, за на крајот да слават со убедливи 38-18.

Александар Петковски со 7 голови за Алкалоид беше најефикасен натпреварот. По 5 додадоа Иван Џонов и Дарко Кофиловски.

На спротивната страна со по 5 гола завршија, Александар Тренчевски и Мерис Бошњак.

Така Вардар и Алкалоид сега имаат пет од пет, а дали и Тиквеш ќе остани на максималниот ефект ќе видиме по утрешното дерби со Охрид во Кавадарци.

РАКОМЕТ (МАЖИ ) СУПЕР ЛИГА – 5.КОЛО

А ГРУПА
петок

АЛКАЛОИД – СТРУГА 38-18
сабота
13:00 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – АЕРОДРОМ
15:00 СКОПЈЕ – КУМАНОВО
19:00 ТИКВЕШ – ГРК ОХРИД
Б ГРУПА
петок

ВАРДАР 1961 – ВАРДАР НЕГОТИНО 35-19 сабота
17:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ПРИЛЕП
17:00 Е. ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
17:00 ГОЛДЕН АРТ –  ПРОЛЕТ