Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се одиграат два натпревари од 5-тото коло.

Два од трите тима кои досега имаат максимален ефект, 4 од 4, Вардар и Алкалоид ќе играат на свој терен.

И двете екипи ќе имаат можност да ја продолжат победничката низа бидејќи важат за фаворити на денешните натпревари.

Во натпревар од „Б“ групата, скопски Вардар во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува истоимениот тим од Неготино. Гостите на изминатите четири средби претрпеа исто толку порази, па се освен победа на скопскиот клуб би било вистинска сензација.

Натпреварот ќе започне во терминот од 18:30 часот, половина час порано од дуелот во Автокоманда.

Таму пак ќе се игра дуелот од „А“ групата во кој вицепрвакот Алкалоид ја пречекува екипата на Струга. Гостинската екипа во овој меч ќе влезе со половичен учинок по две победи и порази.

Според прикажаното, но и амбициите и играчкиот состав, Алкалоид не би требало да има проблеми да стигне до нов триумф.

Останатите натпревари од ова 5-то коло ќе се играат во текот на викендот.

А ГРУПА
петок

19:00 АЛКАЛОИД – СТРУГА
сабота
13:00 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – АЕРОДРОМ
15:00 СКОПЈЕ – КУМАНОВО
19:00 ТИКВЕШ – ГРК ОХРИД
Б ГРУПА
петок

18:30 ВАРДАР 1961 – ВАРДАР НЕГОТИНО
сабота
17:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ПРИЛЕП
17:00 Е. ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
17:00 ГОЛДЕН АРТ – ПРОЛЕТ