Со натпреварот во Белград во кој Црвена Звезда ќе биде домаќин на францускиот Асвел ќе биде отворена новата сезона во кошаркарската Евролига.

Годинава Евролигата ќе има нов натпреварувачки формат, по урнекот на НБА лигата, односно ќе се игра плеј-ин. Така 18-те екипи низ регуларниот дел од сезоната ќе се борат 10-те позиции кои водат во разигрувањето.

Првопласираните 6 екипи директно обезбедуваат пласман во четвртфиналето, за кое последните две места ќе бидат пополнети пкерку плеј-инот.

Победникот од дуелот меѓу 7-мо и 8-мо рангираните по регуларниот дел на сезоната ќе го даде претпоследниот четвртфиналист.

Поразениот ќе има уште една шанса. Ќе го чека исходот од натпреварот меѓу 9-то и 10-то пласираните екипи од регуларниот дел, па во директен дуел со победникот ќе решава за последното место во Топ-8.

Домаќини на секој натпревар во плеј-ин серијата ќе бидат екипите кои биле подобро пласирани на табелата во регуларниот дел.

Регуларната сезона во Евролигата ќе трае до 12 април 2024 година.

Шампионскиот трофеј ќе го брани Реал Мадрид кој лани во финалето го победи Олимпијакос со 1 поен разлика (79-78).

ЕВРОЛИГА – 1.КОЛО
четврток
19:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЛИОН ВИЛЕРБАН
20:05 МАКАБИ Т.А. – ПАРТИЗАН
20:30 БАРСЕЛОНА – АНАДОЛУ ЕФЕС
20:30 БАЕРН – АЛБА БЕРЛИН
20:30 ВИРТУС БОЛОЊА – ЖАЛГИРИС
петок
19:45 ФЕНЕРБАХЧЕ – МИЛАН
20:15 ПАНАТИНАИКОС – ОЛИМПИЈАКОС
20:30 БАСКОНИЈА – РЕАЛ МАДРИД
20:30 ВАЛЕНСИЈА – МОНАКО

Систем на натпреварување Евролига, плеј-ин и плеј-оф