Фиорентина ја оствари четвртата победа во Серија А.
Тимот од Фиренца лесно пред својата публика го совлада Каљари со 3-0 во последниот натпревар од 7-то коло.
По само три минути игра домаќините поведоа со голот на Николас Гонзалез.
Предноста беше удвоена во 21-та минута кога гостинскиот фудбалер Досена си постигна авто-гол за 2-0 за Фиоретина.
Тој резултат беше актуелен се до четвртата минута од судиското дополнение кога Мбала Нзола ги постави конечните 3-0.
Со трите освоени бодови и вкупно 14, Фиорентина е на делба од 3 до 5 место со Наполи и Јувентус.
Токму во следното коло Фиорентина ќе му гостува на шампионот во Неапол.