Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва триумфираа во натпреварот од 8.коло на шпанската Ла Лига.

Како гости ја совладаа екипата на Xирона со 3:0, и ја забележаа седмата победа од почетокот на сезоната.

Реал го одработи најголемиот дел од работата вечерва во првите дваесет минути. Најпрво искусниот Хоселу го постигна водечкиот гол во 17-тата минута.

Само четири минути подоцна Чуамени ја удвои предноста по асистенција на Тони Крос од корнер.

Мичел, тренерот на Жирона, во вториот дел се обиде со измени да го промени односот на силите, но наместо тоа Реал во 71.минута го постигна третиот гол.

Хоселу му асистираше на Белингем, кој го постави конечниот резултат и го реши прашањето за победникот .

Финишот на мечот беше бурен поради несфатливата грубост на Начо Фернандез. Тој на средината на теренот прежестоко стартуваше над Порт, кој беше изнесен од теренот на носилки, а играчот на Реал доби директен црвен картон.

Реал со оваа победа се врати на врвот на табелата со 21 бод, еден повеќе од Барселона, а Џирона, е на третото место со 19 бодови.