Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се изборни за ново финале.
Ѓорческа ќе се бори за трофејот на фјучерс турнирот во Куршумлијска бања, Србија.
Ова откако тетовката, денеска експресно за само 58 минути, со 2:0 во сетови, го доби полуфиналето против Доминика Салкова.
Ѓорческа на тенисерката од Словачка и препушти само четири гема. Првиот Лина го доби со 6-1, а вториот со 6-3.
Антонија Ружиќ од Хрватска ќе биде ривалката на Ѓорческа во утрешното финале откако предмалку ја победи Даниела Висмане од Летонија со 2:1 во сетови.