Екипата на Барселона среќно, благодарение на искусниот Серхио Рамос стигна до победа над Севиља.
На олимпискиот стадион „Монжуик“ се одигра воведниот натпревар од 9-тото коло во Ла Лига, а Барса славеше со 1-0.
Иако во првото полувреме двете екипи имаа по неколку шанси за гол, сепак резултатот остана почетниот 0-0. Најблиску до погодок беше Жоао Феликс кој во 22.минута ја погоди пречката.
Во 77-та минута, радост на домашниот тим му донесе искусниот Серхио Рамос кој си постигна авто-гол.
Барселона се врати на 1.место на табелата со 20 бодови, пред Џирона со 19 и Реал Мадрид кој има 18.
Токму овие два тима утревечер во Барселона ќе го одиграат својот меѓусебен дуел од ова коло.