Женската македонска фудбалска репрезентација со пораз ги започна натпреварите во Лигата на нациите.
Попладнево нашите фудбалерки се поразени од Бугарките во првиот меч од ова натпреварувања.
На дуелот одигран на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, во Скопје, Македонија загуби со 0:1.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во 4-тата минута, а радост на гостинките им донесе Станкова.
Најголемата шанса за израмнување ја имаше Максути во 41-минута, но од идеална позиција биеше крај голот.
Ова е први натпревар за двете репрезентации во четвртата квалитативна конкуренција, односно нејзината петта група.
Покрај Македонија и Бугарија во оваа група е и селекцијата на Косово против која македонските фудбалерки двата меча ќе ги играат во октомври и декември.
Првопласираната селекција во групата директно ќе обезбеди промоција во повисокиот ранг односно „Б“ лигата, за која втор пласираните селекции ќе играат баражи.